Што претставува оваа e-learning платформа?

Во рамките на повеќегодишен проект на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Академијата за судии и обвинители, беа спроведени низа на базични и напредни обуки за правни практичари за имплементација на Законот за кривична постапка (Службен весник 150/2010,100/2012). Напредните обуки од 2013 год. беа видео снимани со цел да се овозможи нивно зачувување и понатамошно користење. Како резултат на видео но и пишаните материјали од напредните обуки, во 2015 како пилот проект се изработи оваа тематска веб страна. Таа го опфаќа првиот дел од вкупниот материјал поделен во четири модули, односно оваа страна се однесува единствено на Модул 1 од обуките за имплементација на Законот за кривична постапка насловен како Предистражна постапка. Крајната идеја на активноста е да се создаде платформа за Е-учење со цел материјалот од обуката да се направи достапен во електронска форма за сите сегашни и идни генерации на правни практичари.