Available courses
Почитувани,
Пред Вас е курсот СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ.
Целта на овој курс е зајакнување на капацитетот и експертизата на судиите и јавните обвинители во овластувањето и надзорот над употребата на посебните истражни мерки, преку почитување на усвоените стандарди и принципи, претставени преку праксата на Европскиот суд за човекови права.
Курсот е составен од три модули:
1. Меѓународни принципи и стандарди за примена на мерките за следење на комуникации
2. Спроведување на мерките за следење на комуникациите за целите на кривичната постапка
3. Контрола и надзор над примената на мерките за следење на комуникациите
После секој модул има квиз за само-евалуација на наученото низ презентацијата.
Курсот е наменет за кандидатите за судии и јавни обвинители што посетуваат
обука во Академијата за судии и јавни обвинители, како и за сите судии и јавни обвинители и
судско-обвинителски службеници.
Содржината на модулите од курсот е издвоена од Прирачникот за спроведување
на мерките за следење на комуникациите (https://www.dcaf.ch/benchbook-implementation-measures-interception-communications), развиен во рамките на Програмата за
реформи во разузнавачкиот сектор во Северна Македонија (2017-2021) (https://dcaf.ch/intelligence-reform),
со финансиска поддршка од Холандија (Министерство за надворешни работи),
Шведска (SIDA) и Швајцарија (SDC).
Ви посакуваме успех!
Skip site announcements